Бедри Фазлиу нов пратеник, на местото на Фљорин Бесими

Државната изборна комисија (ДИК) денеска му издаде уверение за пратеник на Бедри Фазлиу од ДУИ, кој во законодавниот дом доаѓа на местото на Фљорин Бесими.

Уверението за пратеник издадено од ДИК, треба да биде верифицирано од Собранието.

Фазлиу доаѓа од ИЕ6 од редовите на ДУИ.

Претходно, Собранието ја констатира оставката на Фљорин Бесими, која тој ја поднесе по реакцијата на Антикорупциската комисија, бидејќи неговиот брат Фатмир Бесими треба да биде предложен за министер за финансии.