Без струја делови од Ѓорче Петров, Бутел, Чардак …

LinkSense.mk

Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Манчу Матак” во Ѓорче Петров.

Од 10.00 до 15.00 часот, пак, без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Иван Манолев”, „Рокомија” и „Александар Турунџов” во Бутел.

Три часа, од 11.00 до 14.00, струја нема да имаат ниту жителите од село Чардак и оние кои живеат на улицата „Александар Урдаревски”, од крстосницата со патот за село Бразда до првата крстосница со патот за село Голиово.

Прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.