Без струја утре дел од корисниците во четири скопски општин

Електрична енергија утре од 8.30 до 12.30 часот ќе немаат корисниците од ул. „Хоџа Атула Куртиши Ата“ од бр.12 до бр. 35 и жителите на ул.„Војдан Чернодрински“ (зад Полициската станица Бит пазар) во општина Чаир, соопшти од ЕВН Македонија.

Од 8 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од фирмата „Јавор комерц“, како и сервис „Цилаз“ лоцирани на бул. „Трета македонска бригада“ во општина Аеродром, а од 8.15 до 15 часот и корисниците од улиците „166“, „Хусеин Бајрам“, „165“ и „172“ во општина Центар.

Во периодот од 9 до 14.30 часот утре електрична енергија ќе немаат и корисниците на дел од населбата Стопански Двор и објектите околу стопанскиот објект „Галафарм“ во општина Ѓорче Петров.