Без струја утре повеќе делови на Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Карпош, Сарај и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Анастас Митрев“ броевите 12, 12а, 14 и 14а, Општина Аеродром.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „Франц Прешерн“, Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Крушопек, дел од село Сарај лоцирани околу општината, дел од населбата Ѓорче Петров кај „Кристина Дамил“, општина Сарај и Ѓорче Петров.