Четвртиот пакет ќе се реализира штом биде усвоен ребалансот на Буџетот, вели Бектеши

Мерките од четвртиот пакет ќе почнат да се реализираат веднаш штом биде усвоен ребалансот на Буџетот во Собранието. Се оди согласно предвиденото и сите стопанственици и граѓани ќе ја добијат помошта навремено, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Одговарајќи на новинарски прашања, Бектеши рече дека во консултација со стопанските комори ги подготвуваат програмите и критериумите и оти штом биде усвоен ребалансот, веќе од следниот ден ќе почне реализацијата на мерките.

– Ребалансот на буџетот е донесен на вчерашната владина седница.

Мерките од четвртиот сет ќе почнат да се реализираат веднаш откако релабансот ќе помине во Собранието на Северна Македонија. Како Министерство за економија, имајќи предвид дека ги реализираме неколкуте мерки кои произлегуваат од четвртиот сет, веќе сме во преговори за критериумите со стопанските комори, ги подготвуваме програмите. Кога ќе биде усвоен ребалансот, веќе следниот ден ќе ги утврдиме програмите и ќе почнеме со реализација, изјави Бектеши пред почетокот на денешното одбележување на Светскиот ден на вранецот.