Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Доделена награда за најдобри општествено одговорни практики
Македонија

Доделена награда за најдобри општествено одговорни практики

ноември 29, 2018Updated:ноември 29, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Деловната заедница во Република Македонија станува комплетно свесна дека секоја водечка компанија треба да биде општествено-одговорна.  Прво, затоа што тоа е во интерес на претпријатијата, бидејќи  обезбедува придобивки за компаниите во управувањето со ризикот, заштедите на трошоци, пристапот до капитал, односите со клиенти, управувањето со човечки ресурси и нивната способност за иновации. Потоа, затоа што концептот на општествената одговорност е во интерес на националната економија, создавајќи поодржливи и иновативни компании, но и на економијата на ЕУ – онаму каде што сакаме да бидеме. И трето, општествената одговорност е во интерес на општеството, на заедницата во која живееме, бидејќи нуди збир на вредности врз кои можеме да изградиме покохезивно општество и да ја продолжиме транзицијата кон одржлив економски систем“, рече министерот за економија Крешник Бектеши на единаесеттата традиционална годишна манифестација – Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија, во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност (КТООП).

Годинава за оваа награда на конкурсот беа пријавени 38 проекти, од 25 претпријатија, а радува фактот што бројот на мали и средни претпријатија кои аплицираат со општествено-одговорни проекти се зголемува, па дури и го надминува бројот на големи фирми, така што годинава односот е 13 мали и средни наспрема 12 големи претпријатија, додека според бројот на проекти, големите се во предност (23:15). И оваа година аплицирале 7 новодојдени во друштвото на искусни општествено-одговорни претпријатија, што покажува дека интересот за Националната награда континуирано расте.

Претседателот на КТООП Александар Николов, во своето излагање истакна: „Секоја година има стабилен број на претпријатија кои првпат аплицираат за Наградата и од нови сектори во стопанството. Тоа покажува дека претпријатијата ги следат позитивните примери од своите конкуренти и се почесто ги применуваат општествено одговорните практики во своето деловно работење. Особено сме задоволни што во категоријата ‘Однос кон вработените’, е констатиран евидентен напредок на поднесените проекти. Во оваа категорија годинава претпријатијата конкурираат со проекти кои пред сè се однесуваат на благосостојбата на вработените“.
Кус осврт на годинешната награда даде и претставникот на Секторот за ООП при Министерството за економија, д-р Маја Ќурчиева: „Од 25 компании, 12 се големи, што претставува 48% од вкупниот број субјекти, а 13 се МСП (52%), поточно 3 микро, 1 малo и 9 средни. Од вкупно 38 проекти, 23 се на ГП (61%), а 15 на МСП (39%). Притоа, 22 субјекти се од Скопје (88%), а 3 од други градови. За првпат аплицираат 7 компании што претставува 28% од вкупниот број на апликанти. Од 7 дебитанти, 6 се МСП, а 1 е големо претпријатие. Во сите 5 категории конкурираа Рамсторе Македонија и Охридска Банка; во 3 категории Раде Кончар ТЕП, во 2 категории Адора Инженеринг, Шпаркасе Банка и Оне.ВИП“, сумираше Ќурчиева.
Општествено одговорните проекти на ЕВН Македонија (ЕВН волонтира), Шпаркасе банка Македонија  (PET-FRIENDLY банка), Елколект Скопје (Биди супер херој), Пакомак-Скопје (Хокус покус, рециклирањето е во фокус), Адора Инженеринг (Најг

Општествено одговорните проекти на ЕВН Македонија (ЕВН волонтира), Шпаркасе банка Македонија  (PET-FRIENDLY банка), Елколект Скопје (Биди супер херој), Пакомак-Скопје (Хокус покус, рециклирањето е во фокус), Адора Инженеринг (Најголемата внатрешна градина во Европа), Охридска банка АД Скопје (За чист град пазари со нашата Мастеркард), Универзитет „Американ Колеџ“ – Скопје  (Хумантирана акција на уметнички дела), Инетрворкс ДООЕЛ Битола (Чист воздух-здрави деца во Битола) и  НЛБ Банка -Скопје (Пријателство со Специјална Олимпијада Македонија) годинава се закитија со Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија 2018, во вид на статуетки во петте различни категории. Плакети, пак, добија проектите на ДУНА ДОО (ДУНА Тим), Оне.Вип (Mamforce стандард), Охридска банка (Култура и однесување), ГЕМАК Трејд (Skopje Cocktail Week), ТАВ Македонија (Стимулации за авиокомпании и туроператори на ТАВ Македонија), Евросуровина ПА ДООЕЛ Битола (Општество без отпад), ОКТА АД Скопје (Фиторемедијација на почва измешана со јаглеводороден талог), РАМСТОР Македонија – Скопје (Планирај глобално, делувај локално), Раде Кончар ТЕП (Како да ја згрееш симпатијата), Охридска банка АД скопје (Натпревар за најдобра бизнис идеја „ЧИСТА 10-ка“) и Оне.ВИП Скопје (Интернетот не е само игра…Кликај безбедно).

Признанието за најинвентивна практика го доби проектот „ЕВН волонтира“ на ЕВН Македонија – Скопје.

олемата внатрешна градина во Европа), Охридска банка АД Скопје (За чист град пазари со нашата Мастеркард), Универзитет „Американ Колеџ“ – Скопје  (Хумантирана акција на уметнички дела), Инетрворкс ДООЕЛ Битола (Чист воздух-здрави деца во Битола) и  НЛБ Банка -Скопје (Пријателство со Специјална Олимпијада Македонија) годинава се закитија со Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија 2018, во вид на статуетки во петте различни категории. Плакети, пак, добија проектите на ДУНА ДОО (ДУНА Тим), Оне.Вип (Mamforce стандард), Охридска банка (Култура и однесување), ГЕМАК Трејд (Skopje Cocktail Week), ТАВ Македонија (Стимулации за авиокомпании и туроператори на ТАВ Македонија), Евросуровина ПА ДООЕЛ Битола (Општество без отпад), ОКТА АД Скопје (Фиторемедијација на почва измешана со јаглеводороден талог), РАМСТОР Македонија – Скопје (Планирај глобално, делувај локално), Раде Кончар ТЕП (Како да ја згрееш симпатијата), Охридска банка АД скопје (Натпревар за најдобра бизнис идеја „ЧИСТА 10-ка“) и Оне.ВИП Скопје (Интернетот не е само игра…Кликај безбедно).

Признанието за најинвентивна практика го доби проектот „ЕВН волонтира“ на ЕВН Македонија – Скопје.

актуелно бектеши награди додеување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.