Од Белата куќа соопштија дека американски разузнавачки агенции ја предупредиле Русија за планиран голем терористички напад во Санкт Петербург. Со тоа тие им овозможиле на Москва да спречи напад во кој би загинале голем број луѓе.
„Рускиот претседател Владимир Путин го побара претседателот Доналд Трамп да му се заблагодари за навременото предупредување кое американските разузнавачки служби и го пренеле на Русија, а кое се однесува на планирање на голем терористички напад во Санкт Петербург, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Терористите планирале да извршат бомбашки напади во Казањската катедрала во Санкт Петербург и на други места каде што се собираат голем број на луѓе, за што рускиот претседател му се заблагодарил на неговиот американски колега.
Како што соопшти Кремљ, Путин го уверил Трамп дека руските безбедносни служби брзо и без условување ќе го споделат информации за можни закани кон САД и нивни граѓани доколку имаат.







