Белгија: Бројот на загинати во поплавите се искачи на 14, се трага по исчезнатите

Дождовите и невремето продолжија цела ноќ во на југот и југоистокот од државата, според последниот биланс бројот на жртви од поплавите достигна 14 утрово откако уште три безживотни тела беа пронајдени, јави дописничката на МИА од Брисел.

Евакуирани се сите домови близу реките во текот на вчерашниот ден, а 21 илјади лица останаа без струја.

Погодени се и критични инфраструктури, вклучително и оние кои го мерат нивото на надојдена вода.

Некои амбуланти се заглавени поради поплавите и не можат да ги превезат повредените во болница.

Денеска се очекува дождовите да продолжат до пладне, по што метеоролозите се надеваат на посмирена состојба, што ќе овозможи да почне да се санираат штетите.

Пронајдено е ноќва безживотното тело на 50-годишен маж во неговиот подрум, друго лице го изгуби животот додека се обидувало да ги расчисти урнатите дрвја кои ја блокирале канализацијата во неговиот дом.

Целата земја е во шок, граѓанската солидарноста непрекинато се организира.

Многумина пријавуваат исчезнати лица, но властите велат дека во овој момент не може да се каже дали тоа се должи на неможноста да се воспостави електронски контакт поради инфраструктурните штети или дали станува збор за луѓе удавени во поплавите, посебно најстари кои не знаат да пливаат.

Нивото на тревога останува на највисоко бидејќи сѐ уште постои ризик некои реки да излезат од коритото.

Градот Брисел за сега е поштеден од оваа катастрофа, градските власти редовно го мониторираат нивото на надојдена вода во реките, но уверуваат дека ситуацијата е под контрола.

 

 

 

ИЗВОР : МИА