Берлин го „одврзува ќесето“: Германија ќе одвои 30 милијарди евра за штетите од поплавите

Германија ќе пренасочи меѓу 20 и 30 милијарди евра во фондот за санирање на последиците од катастрофалните поплави, изјави Армин Лашет, лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на најголемата германска покраина Северна Рајна Вестфалија.

Ројтерс дознава од два извори упатени во содржината на разговорите за санација на штетите од поплавите дека во фондот ќе бидат уплатени 20 милијарди евра што е двојно повеќе од почетната проекција.

Северна Рајна Вестфалија и Рајна Палатинат беа тешко погодени во минатомесечните поплави, најразорни во последните 50 години.