Беровските пожарникари добија нови униформи

Територијалната противпожарна единица од Берово доби нови униформи. Оттаму информираат дека опремата ги исполнува стандардите согласно правилникот на Дирекцијата за заштита и спасување.

-После долги години, нашата противпожарна единица доби нови униформи. Тие беа предвидени согласно програмата за работа на ТППЕ Берово за 2020 година и согласно правилникот пропишан од Дирекцијата за заштита и спасување. По тој правилник дефиниран од Дирекцијата за заштита и спасување, униформите ги исполнуваат сите барани стандарди за нивна употреба. Истите ќе ни бидат од огромна корист при нашите интервенции, истакнаа од ТППЕ Берово.

Градоначалникот Звонко Пекевски, кој им ги додели униформите на беровските пожарникари, додаде дека униформите се обезбедени со средства од буџетот на општината.

-Работата на пожарникарите е од непроценливо значење за општеството.

Тие често пати се на предизвикот на ризик на сопствениот живот, во борбата да се спаси друг човечки живот или имот. Затоа им посакувам многу успех во извршувањето на нивната благородна работа и се надевам дека нашата соработка, секогаш ќе резултира со големи работни успеси, рече Пекевски.

Територијалната противпожарна единица од Берово брои има 15 пожарникари и според Законот за пожарникарство, дејствува на територииите на соседните општини Берово и Пехчево.