Бизарна сообраќајка: Постара жена три пати прегази маж

LinkSense.mk

Велосипедист, кого исто возило го прегази повеќе пати, почина од последиците од здобиените повреди, соопшти американската полиција.

Варен Јошио Ватанабе (62) беше удрен на 20 септември додека го возел својот велосипед во градот Рој во Јута, а на него налетало возило кое излегувало од паркинг. Возачот еднаш со автомобилот преминал преку човекот, потоа тргнал напред и уште еднаш го прегазил човекот. Но, и тоа не било се. Тој и трет пат го прегазил велосипедистот кој лежел на земја.

Американските медиуми пренесуваат дека зад управувачот седела седумдесет и седумгодишна жена.

Таа, откако сфатила дека човек лежи на земја, повикала помош.

Несреќниот велосипедист се здобил со тешки телесни повреди. Во несреќата му биле скршени 14 ребра и му биле оштетени повеќе внатрешни органи.

Ватанабе починал пет дена подоцна од повредите, а страотната несреѓа ја снимиле сигурносните камери на ресторанот што бил во непосредна близина.

Се верува дека старата госпоѓа не го прегазила намерно велосипедистот, туку верувала дека удрила во некој предмет и се обидувала да го заобиколи.