Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бислимоски: Доколку ЕУ не отстапи од планот за воведување јаглеродна такса ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ
Економија

Бислимоски: Доколку ЕУ не отстапи од планот за воведување јаглеродна такса ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ

декември 15, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на јаглеродната такса кај земјите членки на Енергетската заедница (ЕЗ), наместо интеграција со земјите членки на ЕУ и формирање на еден заеднички европски пазар ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ – посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на трибината посветена на предизвиците во енергетскиот секторот, насловена како „Центар за енергетска политика на Западен Балкан“ што се одржа во Приштина.

Бислимоски, како што информираат од РКЕ, образложи дека крајната цена на електричната енергија што се нуди на отворениот пазар нема да биде конкурентна, затоа што цената ќе се зголеми поради јаглеродната такса.

 

-Ние може да ја усвоиме најдобрата легислатива, но клучно е какви резултати дава имплементацијата на одреден закон во пракса. Сите земји членки на Енергетската заедница соработуваат и испорачуваат реформи затоа што тоа е единствениот начин да се оди напред. Кај нас усвоени се првиот, вториот и третиот енергетски пакет, а сега и четвртиот енергетски пакет се имплементира. Ако се анализира изминатиот период може да се заклучи дека сите земји одат напред: берзите за електрична енергија функционираат, имаме зајакнување на меѓуграничните капацитети, а тоа е подготовка за спојување на пазарите, што пак ќе придонесе кон привлекување на нови инвестиции, посочил Бислимоски.

Западен Балкан, додал, има сонце и ветер и ако ги погледнеме бројките, од почеток на енергетската криза сите инвестиции се токму во постројки од обновливи извори.

-Сепак производството на струја од јаглен е присутно и доминантно затоа што од овој ресурс се обезбедува базна енергија што е клучна за стабилноста на електроенергетскиот систем. Со имплементација на јаглеродната такса, ќе се блокира интеграција на земјите од Западен Балкан со земјите членки на ЕУ. Нема шанси сопственик на производствен капацитет од овие земји да извезува надвор од ЕУ и ќе останеме затворени во регионална рамки, порачал Бислимоски.Нагласил дека бенефитите од реформите кои се спроведуваат неопходно е да ги почувствуваат граѓаните, и Европа мора да биде свесна дека тие мора да бидат поддржани низ процес на субвенции.

 

-Ние живееме во средина каде воздухот е исклучително загаден и трошиме многу пари за лекување на граѓаните. Енергетските реформи се тесно врзани со животната средина. Прашањето е едноставно – како овие реформи придонесуваат за подобра животна средина? Треба да се објасни колку пари нашите здравствени институции трошат поради загадениот воздух. Мерки мора да има, граѓаните мора да знаат дека политиката на реформи во секторот дава резултати и наративот ќе се смени. Неопходно е во целост да се реконструира финансиската помош за ранливите потрошувачи и да се ремоделираат условите за употреба на фотоволатичните централи кај домаќинствата. На овој начин граѓаните ќе разберат дека реформите се за заедничко добро, изјавил Бислимоски.

Амбасадори, високи економски дипломатски експерти, енергетичари од Енергетската заедница и од Европската комисија беа дел од дебатата што се одржа во Приштина, на која се разговараше за развојот на енергетската политика во Западен Балкан.

 

 

актуелно бислимовски електтрична енергија ЕУ јаггленородна отстапување план такса тргување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.