Блинкен: Кина е закана за светската стабилност

– Дејствувањето на Кина е закана за поредокот заснован на прописите кои гарантираат светска стабилност, изјави синоќа американскиот државен секретат Ентони Блинкен на почетокот на состанокот со кинеските колеги во американската сојузна држава Алјаска.

На средбата со Блинкен присуствуваат највисокиот претставник на Комунистичката партија на Кина за дипломатија Јанг Џиечиј и министерот за надворешни работи Ванг Ји.

Блинкен истакна дека на средбата со Јанг и Ванг ќе разговара за дејствувањето на Кина во Сиџијанг, каде Вашингтон го обвинува Пекинг за геноцид над муслиманските Ујгури, како и за постапувањето на кинеските власти кон Хонг Конг, Тајван, кибер нападите врз САД и економските притисоци врз нашите сојузници.

– Сето тоа е закана за поредокот заснован на прописи кои гарантираат светска стабилност. Затоа не се работи само за внатрешни прашања и чувствуваме обврска да зборуваме за тоа, посочи Блинкен како одговор на Пекинг, кој тврди дека тоа се внатрешни прашања на Кина и не се во доменот на дипломатијата.

Додека советникот на американскиот претседател Џо Бајден за национална безбедност, Џејк Саливен наведе дека САД не сакаат „судир“ со Кина, но оти „се подготвени и за груба игра“.

– Секогаш ќе се бориме за нашите принципи, за нашиот народ и за нашите пријатели, истакна Саливен.