Божиќ во Алепо: Светна елка прв пат после пет години

Христијаните во Алепо го прославија вчера Божик со огромна накитена елка, која засвети прв пат во последните пет години.

Божик се слави откако силите на претседателот Башар ел Асад минатата недела во потполност ја превзедоа контролата на тој град после повлекувањето на бунтовниците.

Многумина се радосни поради таа победа, поздравувајќи го „враќањето на мирот во градот“, наведува агенцијата Ројтерс која, патем, укажа и на страдањата на илјадници луѓе кои морале да побегнат од областа Алепо која беше под контрола на бунтовниците и времето го минуваат во дивина и на снег.

alepo-bozik-nas

Хуманитарните групи укажуваат дека многу од тие цивили се во опасност и дека има деца кои умреле од зимата.

Во речиси разрушената катедрала, која се наоѓа на местото кое долго време беше „прва линија на фронтот“ во стариот дел на градот, свештениците дочекувајќи го Божик се молеа за мир.

Тоа беше прва полноќна миса одржана во последните пет години, а присуствуваа десетици верници, како и некои руски војници, наведува Ројтерс.

alepo-bozik-crkva

„Атмосферата е вечичествена. Ова е ново раѓање на Исус Христос и ново раѓање на градот Алеп“, изјави еден од лидерите на христијанската заедница.

Во деловите од градот кои беа поштедени од разурнување, кои беа под контрола на владините сили, рестораните беа преполни со христијани.

alepo-rest

Стотици луѓе играа и пееја во населбата Азизи, каде што светна Божикна елка – прв пат од 2012 година.

Свое место најдоа и постери со ликови на Асад и рускиот претседател Владимир Путин.

Бројот на христијани во Алепо се намали од почетокот на судирот, од 250.000 на 50.000.

alepo-bozik