Боларис на Твитер објави фотографија од Охрид од состанокот на Комитетот за учебниците

Со Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти во Охрид за четвртата средба, напиша на Твитер, заменик министерот за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис, кој воедно го предводи грчкиот тим во Комитетот за учебниците и објави заедничка фотографија.

Денеска во Охрид започнува нова дводневна средба на Заедничкиот мултидисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Грција, потврдија утрово за МИА грчки извори за дописничката.