Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Болничките капацитети забрзано се полнат- хоспитализирани околу 500 пациенти
Градови

Болничките капацитети забрзано се полнат- хоспитализирани околу 500 пациенти

октомври 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема пациенти на респиратор, но има петмина во ГОБ „8 Септември“ каде од корона вирусот се лекуваат 47 пациенти.

Болничките капацитети забрзано се полнат, а од вчера почнаа да се примаат пациенти и во модуларната болница сместена до Инфективна. Таму се хоспитализирани дваесттина лица.

Од останатите болници, во Козле хоспитализирани се четири деца и шест мајки. Во болницата во Битола се 52, а во болницата во Штип 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци, пак, се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вчера беше забележан и рекорден број на заразени, дури 641 од 2688 тестирања. Починаа 12 лица, а беа регистрирани и 233 оздравени пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче предупреди дека ако се исполнат и предвидените болнички резервни капацитети, ќе следи полициски час.

-Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се исполнија некои инфективни одделенија во државата. Пациенти се сместени и во модуларната болница кај Инфективната клиника. Болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако оцениме дека овие капацитети кои се димензионирани да бидат резерва се исполнуваат тогаш дефинитивно ќе препорачаме целосна рестрикција во движењето, односно полициски час, изјави Филипче и апелира до пратениците што поскоро да се изгласаат измените во Законот за заштита на населението од заразни болести со што ќе се овозможи воведување нови мерки за заштита од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 24836, оздравени се 17905, а починаа 862.

Во моментов бројот на активни случаи изнесува 6069 и нема град без ковид позитивни. Најмногу активни се во Скопје 2983, во Струмица 369, Тетово 314, Куманово 252, Прилеп 237, Кочани 181, Битола 152, Гевгелија 150, Делчево 118, Охрид 116, Велес 113, Гостивар 111 и Кавадарци 102. Нема  Во другите градови бројот на активни на Ковид-19 е под 100.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 41.272.150 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.132.528, а оздравеле 30.771.960 луѓе.

Рекордни бројки на заразени бележат повеќе земји во регионот и во Европа.

Во Србија вчера коронавирусот беше потврден кај 512 лица, што е најголема регистрирана бројка од почетокот на пандемијата.  Во Словенија, и покрај полицискиот час и новите ограничувачки мерки, беа забалежани 1.503 новозаразени, а рекордни досега 1.424 случаи се потврдени во Хрватска каде што имаше и 11 починати. Босна и Херцеговина регистрира 926 заразени и 16 починати, Бугарија 1336 нови случаи и 11 умрени, а Грција 865 новозаразени и шестмина починати.

Во Италија, во претходното деноноќие се потврдени 15.199 нови случаи, што е највисоко од почетокот на епидемијата. Рекорден број на инфекции се регистрирани и во Холандијанад 8.500, како и во Австрија, Полска, Словачка, Чешка и Украина. Во некои земји веќе се воведени построги рестриктивни мерки и полициски час.

СЗО во својот последен извештај наведува дека бројот на нови случаи е зголемен за 25 проценти во последната недела, односно дека новите случаи во Европа сочинуваат 38 проценти од сите нови случаи пријавени ширум светот. Повеќе од половина од случаите во Европа ги бележат заедно Русија, Чешка и Италија.

Поради ескалацијата на корона кризата, лидерите на земјите членки на ЕУ на 29 октомври ќе одржат видео конференци на која ќе се координираат нови мерки за борба со Ковид-19.

500 актуелно болнички капацитети пациенти хоспитализирани
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.