Болсонаро позитивен на Ковид-19

LinkSense.mk

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, познат по тоа што ја негира моќта на вирусот Ковид-19 и сероозната зараза ја нарекува обичен грип, денеска излезе позитивен на тестот за коронавирусот.

„Сите знаевме дека порано или подоцна ќе стигне до сите делови од населението. Беше позитивен за мене“, рече Болсонаро, осврнувајќи се
на резултатите од тестот, пренесува Си-Ен-Ен.

Претходно денеска Болсонаро на своите приврзаници, кои се собраа пред претседателството, им кажа дека ги снимале неговите бели дробови и дека се чисти, но, исто така, луѓето ги предупреди да не му приоѓаат.

Неговата канцеларија соопшти дека тој прима терапија со хидроксихлорокин и азитромицин.