Бомбашот од Санкт Петербург е Киргистанец

Човекот кој уби 14 луѓе и рани повеќемина, во бомбашки напад во метрото во Санкт Петербург, Русија, е идентификуван како бомбаш-самоубиец, родум од Киргистан.

Портпаролот на безбедносната служба на Киргистан го идентификува осомничениот како Акбаржон Џалилов, дваесет и двегодишен руски државјаник.

Постојат сомневања дека тој бил поврзан со радикални исламисти.

ГКНБ и руските служби за безбедност го истражуваат терористичкиот акт.

Истражителите се сомневаат оти експолозивната направа ја активирал човек чии останки се пронајдени во вагон во воз во метрото.

Домот на семејството Џалилов во Ош, Киргистан, е празен. Осомничениот за терористичкиот напад во родното место не бил виден со години, според луѓето од соседството.

Досега никој не презема одговорност за нападот и не постои официјална потврда за учество на радикални исламисти.

Многумина се сомневаат дека нападот е поврзан со интервенцијата на Русија во сирискиот конфликт, која донесе закани на Исламската држава за одмазда.