Бомба експлодира пред амбасадата на САД во Пекинг

LinkSense.mk

Маж со потекло од кинескиот регион Внатрешна Монголија активирал денеска бомба, рачно направена дома, пред амбасадата на САД во Пекинг. Од детонацијата повреден е само подметнувачот, наведува АП повикувајќи се на извори од кинеската полиција и од американската амбасада.

На сајтот на полицијата на кинеската престолнина е објавено соопштение се наведува дека осомничениот е идентификуван како Џијанг (26) и дека бомбата, чија разорна моќ била исклучително мала, тој ја направил од справа за огномет и ја детонирал во еден час попладне по локално време.

Полицијата не објави кој е мотивот за нападот, наведувајќи дека истрагата продолжува.

На амбасадата на САД не е направена никаква материјална штета.

Кинеската полиција претходно објави дека осомничениот за поставувањето на експлозивната направа, при активирањето се здобил со повреди на раката.

Ројтерс пренесе информации од државниот весник „Глобал тајмс“ дека полицијата извесно време пред активирањето на бомбата од пред американската амбасада во Пекинг одвела жена која откако се полеала со бензин сакала да се замозапали. За среќа била спречена од присутните лица.

Очевидец за американската агенција изјавил дека видел како кинеската полиција проверува автомобил паркиран пред амбасадата на САД.

Друг очевидец, пак, раскажал дека видел седум или осум полициски возила во близина на американската амбасада и дека се е блокирано во североисточниуот дел на градот.

Западни медиуми тврдат дека пред американската амбасада во престолнината на Кина одекнала силна експлозија.

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа чад од наводната експлозија.