Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд

ноември 19, 2026

Овие хороскопски знаци ќе ги решат финансиски проблеми

ноември 19, 2026

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки

ноември 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд
  • Овие хороскопски знаци ќе ги решат финансиски проблеми
  • Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки
  • Најава за истрага против семејството Трамп
  • СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – во ризик пензиските заштеди на граѓаните
  • ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за Алта банка: „Филипче должи одговори”
  • Утрински температури низ Македонија, од 4 до 16 степени
  • Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Борел: Ако победи Русија, ќе оди кон следната цел
СВЕТ

Борел: Ако победи Русија, ќе оди кон следната цел

ноември 28, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел смета дека војната меѓу Русија и Украина „можеби нема да заврши, туку ќе замрзне како војната во Кореја“ од пред 70 години.

„Во Кореја, двете страни постигнаа примирје и прекин на огнот со воспоставување линија на раздвојување. Ова може да биде излез од овој конфликт, рече Борел (75), кој е и потпретседател на Европската комисија. Тој ова го изјави во Барселона, каде што учествуваше на настанот „Глобални кризи, европски одговори“ организиран од локалниот Центар за меѓународни односи (ЦИДОБ), јави весникот „Ла Вангардија“.

„Украина и Русија ќе мора да се повлечат од нивните сегашни позиции за да постигнат сценарио како она во Кореја, рече Борел и додаде дека тоа значи оти Киев и Москва треба да престанат да бараат, бранат или освојуваат територија.

Договорот за примирје во Кореја, кој сè уште е во сила, беше потпишан во 1953 година од страна на Северна Кореја и САД, во улога на сојузник на Јужна Кореја. Договорот стави крај на воените операции, а требаше да биде основа за иден дефинитивен мировен договор, кој до денес не е реализиран.

Договорот воспостави демилитаризирана зона. „Но, премногу е рано да се размислува за (мировни) преговори“, истакна Борел, кој верува дека сега не е време двете страни да седнат на маса, исто како што не е време да се вложат напори во обнова на земјата.

„Сега мораме да се фокусираме на избегнување на уништување, рече тој. Борел нема намера да предводи мировни преговори бидејќи, како што тврди, Русија не ја прифаќа Европската унија како посредник.

„Лавров секогаш претпочита директно да разговара со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ отколку со мене, рече тој. Сепак, Борел забележува дека блокот од 27 земји мора да биде на преговарачка маса бидејќи „европските санкции се клучен елемент во какви било преговори и затоа што безбедноста во Европа е наша безбедност“.

Војната во Украина трае веќе девет месеци, што предизвика поскапување на храната, струјата и бензинот, погоди милиони жители на Европската унија и земји надвор од неа.

„Неопходно е да се најде решение за проблемите што ги предизвика војната. Не смееме да се умориме. Путин верува дека демократските општества се слаби поради постојаните дебати што се водат. Тој очекува јавноста да бара прекин на војната, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ.

Борел вели дека негова задача е да им покаже на неутралните земји во светот дека „Русија е негативец, а не санкциите на ЕУ“. Во групата на неутрални наречени Глобален Југ, најчесто се јужните земји како Индија, Пакистан и Кина, како и некои африкански и јужноамерикански земји.

„Бараат од мене да ја прекинам војната. Знам како да ја запрам: со запирање на испораката на оружје за Украина. Но, ако го прекинеме тоа снабдување, какви би биле последиците? Ако Русија победи во оваа војна, таа ќе оди кон следната цел, заклучи тој.

Борел, кој е поранешен министер за надворешни работи на Шпанија, инсистира на дополнително вооружување на земјите од ЕУ.

„Европа мора да почне да се вооружува ако сака да остане на висината на задачата, рече тој додавајќи дека земјите мора да се договорат кое оружје ќе се набавува за да не се „преклопуваат“.– Сепак, таа динамика не може да продолжи бесконечно и неопходно е да се изгради систем кој би ја гарантирал безбедноста во Европа, додаде Борел. Тој заклучи дека сегашниот посредник во конфликтот, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), не функционира.

актуелно Борел русија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки

ноември 19, 2026

Најава за истрага против семејството Трамп

ноември 19, 2026

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – во ризик пензиските заштеди на граѓаните

ноември 19, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.