Борел: Масовно воено злосторство во Мариупол

LinkSense.mk

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, денеска го каратеризира како „масовно воено злосторство“ рускиот напад врз украинскиот пристанишен град Мариупол, пренесува МИА.

„Она што се случува сега во Мариупол е големо воено злосторство, се уништува сè, се бомбардира, се убива“, рече Борел на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Владите на државите-членки на ЕУ оваа седмица ќе одржат серија средби и состаноци на кои ќе се разгледува можноста за воведување ембарго на увозот на нафта од Русија поради инвазијата врз Украина.