Борисов даде изјава во полицијата, тврди дека било за настани во 2009-2012 година

Лидерот на бугарската политичка партија ГЕРБ, и поранешен премиер Бојко Борисов денеска даде изјава во полиција.

Откако беше во зградата а Националната полиција Борисов објасни дека бил повикна да даде изјави за настани од периодот 2009-2012 година.

„Сите работи беа – некој нешто слушнал, некој нешто зборувал, изјави Борисов по напуштањето на зградата на полицијата.

Неговиот адвокат додаде дека „станува збор за исмислици од пред 13 години“.

Пред зградaта на полицијата тој беше пресретнат од свои симпатизери кои скандираа во негова поддршка.