Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во директни разговори можат да дојдат до решение за долгогодишниот спор околу името, вели бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Во изјава за грчка новинска агенција вели дека е оптимист и дека ги охрабрува двајцата премиери да седнат на заедничка маса и да го решат проблемот, на начин како што тоа го направија тој и Заев со договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.
Прво на билатерално ниво, како што направивме ние, така и Алексис Ципрас и Зоран Заев треба да го решат прво спорот меѓу нив, вели Борисов.
Од Стразбур, каде што ги претстави приоритетите на бугарското претседателство на Европската унија, Борисов вели дека е оптимист за решавање на спорот со името и им нуди помош на двајцата премиери доколку им е потребна.
Софија, сака одлични односи меѓу Атина и Скопје какви што има Бугарија и со двете земји, изјави Борисов.







