Босанец, шеф на колумбиски нарко картел, уапсен во Италија

Миро Нимајер Ризвановиќ, викан Ел Русо, со потекло од Босна и Херцеговина, уапсен е вчера во голема акција на италијанската полиција против трговци со дрога.

Ризвановиќ е член на колумбиски нарко картел, а уапсен е во пристаништето Чивитавекија, откако стигнал во Италија од Барцелона, пренесуваат италијанските медиуми.

Инаку, Ризвановиќ, познат под прекарот Ел Русо, е еден од главните колумбиски нарко босови.

el ruso

Член е на нарко групата „Усага“ или „Голф клан“, најмоќната колумбиска злосторничка организација која се занимава со трговија со дрога, изнудување и перење пари, грабежи во Јужна Америка, но и ширум светот, пишува „Аваз“.

Минатата година во акција на колумбиската и американската полиција Ризвановиќ беше уапсен, но побегна од затвор.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Ризвановиќ бил задолжен за транспорт на наркотици од Јужна Америка во САД и Европа и раководел со финансиите на криминалната група.