Британската министерстка за здравство Надин Дорис е позитивна на коронавирусот, пренесе Би-Би-Си. Во писмена изјава вели дека веднаш откако била информирана, ги презела сите препорачани мерки и во моментот е во самоизолација во својот дом.
-Јавното здравство започна детално следење на сите контакти. И одделот и мојата парламентарна канцеларија внимателно ги следат нивните совети, вели Дорис.