Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Британската полиција го уапси Асанж (Видео)
Во Фокусот

Британската полиција го уапси Асанж (Видео)

април 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Британската полиција денеска соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Како што јави ДПА, Асанж бил уапсен откако ја напуштил зградата на
Еквадорската амбасада во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години.

Во соопштението на британската полиција се наведува дека 47-годишниот Асанж бил уапсен врз основа на налог на Судот во Вестминстер издаден на 29 јуни 2012 година, затоа што не се јавил на суд во предвидениот термин. Апсењето на Асанж следи откако властите на Еквадор соопштија дека решиле да му го укинат дадениот азил.

Австралиецот Асанж се прослави по објавувањето серија американски тајни документи, вклучително и за воените операции на САД во Авганистан и Ирак и за условите во затворот во базата Гвантанамо на Куба.

Во 2010 година, САД издадоа потерница по него под обвинение за објавување доверливи информации, по што Асанж замина во Шведска, каде побара азил. Меѓутоа, набрзо во Шведска беше обвинет за силување, обвинувања што тој ги отфрла.

Асанж тврдеше дека обвинувањата се со цел тој да биде уапсен и потоа Шведска да го екстрадира во САД, поради што замина за Велика Британија. По ова шведски суд објави меѓународна потерница по него, врз основа на која британската полиција го упаси во 2012 година. Но, тој беше ослободен од притвор со кауција до завршување на судскиот процес за негова екстрадиција во Шведска.

По ослободувањето од притвор, Асанж во август 2012 година се засолни во Еквадорската амбасада во Лондон, која му даде азил и тој изминативе седум години ги мина во зградата на дипломатското претставништво.

По неколку години обвинувањата за силување во Шведска беа отфрлени, но Асанж и натаму остана во Амбасадата стравувајќи дека британските власти може да го уапсат и да го екстрадираат во САД.

Порталот „Викиликс“, повикувајќи се на извори во Владата на Еквадор, на 5 април објави дека во „следните часови или денови“ Асанж ќе биде протеран од Еквадорската амбасада во Лондон. Како повод за укинување на азилот и за негово протерување од Амбасадата, според „Викиликс“, еквадорските власти ќе го искористат објавувањето од страна на сајтот, на корупциски скандал со офшор компании во кој е вмешан претседателот на Еквадор, Ленин Морено.

Минатата недела британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант изјави дека Асанж е „слободен човек“ и кога ќе одлучи може да ја напушти Амбасадата на Еквадор.

 

https://www.youtube.com/watch?v=gwkmtuz6q2g

Асанж полиција уапсен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари

ноември 2, 2026

Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи

октомври 19, 2026

Локалните власти во Истанбул поради вчерашните обилни дождови наредија затварање на училиштата

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.