Министерот за одбрана на Велика Британија, Бен Валас, го посети Киев, каде што се состана со својот украински колега, Алексеј Резников, за да разговараат за воена помош за Украина.
„Воодушевен сум што го посетив мојот добар пријател Алексеј Резников во Киев, за да разговараме за дополнителна воена помош и друг вид помош за Украина. Нашата поддршка за нивната борба против руската агресија станува се посилна и ќе продолжи во текот на 2023 година“, напиша Волас на својот профил на Твитер.
Британската премиерка, Лиз Трас, претходно телефонски разговараше со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и го увери дека Велика Британија ќе продолжи да ја поддржува Украина.