Ако компаниите кои „стопанисуваат“ со социјалните мрежи не сторат нешто за да ги заштитат децата, британската влада ќе донесе нови закони кои ќе се однесуваат на нив.
Во острото писмо упатено до Фејсбук, Снепчет, Гугл, Твитер и други компании, Хант им порача дека нивниот неуспех да ги спречат децата да ги користат социјалните мрежи и излагањето на децата на „опасни емоционални последици“ од нивното користење – „неприфатливи и неодговорни“, пренесува АП.
Тој нагласил дека е посебно загрижен поради недостаток во мерките за претпазливост со кои се потврдува возраста на корисникот, додавајќи дека на илјадници од нив им го кршат правилото на старосна граница.
Министерот им даде рок од седум дена да ги осмислат чекорите кои ќе ги превземат за да го запрат користењето на тие апликации со кршење на старосната граница, да го спречат сајбер насилството, и да го промовираат ограниченото време за гледање во екранот.
Минатата година Хант го критикуваше Фејсбук поради објавување на верзијата на тие апликации за деца и и порача на компанијата „да се држи понастрана“ од нивните деца.







