Бројот на жртвите од поплавите во Германија се искачи на 93

Во поплавите што неделава ја погодија Германија загинаа најмалку 93 луѓе, откако властите во во западната држава Северна Рајна Вестфалија пријавија поголем број жртви.

Во Северна Рајна Вестфалија бројот на жртви во поплавите се искачи на 43, додека во Рајнска област Пфалц пријавени се 50 загинати луѓе.

Во областа Ерфштат-Блесем во Северна Рајна Вестфалија во денешното свлечиште беа уништени домови и автомобили.