Бугарија е втора во светот по стапка на смртност од Ковид

Темпото со кое расте стапката на смртност од Ковид-19 во Бугарија е галопирачко, и станува збор завтора највисока стапка на смртност во светот, веднаш зад Унгарија“, изјави шефот на бугарската Национална група за корона вирус, генерал-мајор Венцислав Мутафчиски.

Понатаму, генерал-мајорот Мутафчиски посочи дека бројот на лица заразени од корона вирусот се зголеми за 23 отсто во текот на минатата недела, сметано на 100.000 жители, и за дури 73 отсто од неделата пред тоа, пренесе бугарската новинска агенција БТА.

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, искоментира дека смртноста во оваа земја била меѓу највисоките во светот и пред пандемијата од Ковид–19, а главните причини за смрт биле кардиоваскуларните болести и карциномот.