Поради исклучително високите температури во бугарската престолнина вчера настрадаа пет лица, соопшти службата за вонредна ситуација на таа земја.
Меѓу настраданите е и 75-годишен маж кој починал на лице место во градскиот парк, информира телевизиската станица БТВ.
Како што се наведува, 178 лица до попладнето колабирале поради високите температури во Софија, каде што температурата била околу 40 степени.
Во бугарската престолнина е прогласен портокалов метеоаларм, додека во повеќето други градови на сила е црвениот метеоаларм.
Министерството за земјоделство издаде предупредување за шумски пожари. Околу 200 шумски пожари се евидентирани во Бугарија од почетокот на годината до сега, што е двојно повеќе отколку во првата половина од 2016 година.
Во Бугарија воведени се и ограничувања во сообраќајот, за да се заштитат асфалтните патишта од деформации.







