Бугарија избори: Борисов предлага експертска влада, го очекува тешко коалицирање за да остане на власт во петти мандат

Бугарскиот премиер Бојко Борисов предложи формирање повеќепартиска експертска влада по парламентарните избори на кои неговата партија ГЕРБ води според излезните анкети, но не освои апсолутно мнозинство.

„Предлагам мир–ајде да користиме експерти и да преземеме одговорност за борба против пандемијата до декември за да може повторно да се постигне напредок“, наведе на ФБ Борисов. Тој не именуваше потенцијални експерти во таква влада.

Според анкетата на Галуп, проевропската владејачка партија ГЕРБ на Борисов може да смета на 25 проценти од гласовите во најсиромашната земја членка на ЕУ. Пред четири години имаше 33,5 отсто поддршка.

Уште шест партии заедно со ГЕРБ се очекува да освојат места во Парламентот.

„Немате експерти, немате луѓе, треба да научите, но ние имаме огромен потенцијал“, нагласи бугарскиот премиер.

Бугарите вчера избираа 240 члена на Националното собрание во Софија.

Според Галуп Интернешнл, одѕивот на гласачите бил околу 48 проценти.

Борисов се соочува со тешки коалициски разговори за да обезбеди нов четиригодишен мандат–петти по ред–а, опциите за формирање коалиција се комплицирани со појавата на популистичката партија „Има таков народ“ на популарниот тв-водител и пејач Слави Трифонов (54), која е на второ место, според анкетата на Галуп.

Трифонов чии концерти со патриотски песни привлекоа илјадници луѓе, исклучи коалиција со ГЕРБ и социјалистите.

Со обработени 36,41 процент од гласачките ливчиња, коалицијата ГЕРБСДС има 23,78 проценти од гласовите на изборите за 45-то Национално собрание, соопшти утрово Централната изборна комисија.

„БСП за Бугарија“ има 14,85 проценти од гласачките ливчиња, партијата „Има таков народ“ – 19,03 проценти; „Демократска Бугарија“–11,05 проценти; ДПС–8,92 проценти, „Исправи се!Мафијата надвор!“–5,12 проценти; ВМРО–3,57 проценти од гласовите.

Цензусот е четири отсто.

Парламентарните избори во неделата се одржаа според здравствената регулатива, вклучително и подвижните гласачки кутии за луѓе во карантин.