МИА и БТА потпишаа договор за размена на информации

Директорите на Медумската информативна агенција – МИА, Драган Антоновски, и на Бугарската телеграфска агенција – БТА, Кирил Волчев, денеска во Рим потпишаа Договор за размена на информации и професионална соработка.

Договорот е потпишан во присуство на престедателите на Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев.

Потпишувањето на договорот е во согласност со „Договорот за пријателство“ помеѓу двете држави.

„БТА и МИА ќе преземат ефикасни мерки за размената на информации и да нема недобронамерна пропаганда и поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, што ќе ги нарушат односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, информираа Антоновски и Волчев.