Бугарски обвинители денеска во Скопје

LinkSense.mk

Eкипа од бугарското обвинителството, како што вчера беше најавено во Софија, денеска треба да пристигне во Скопје за подигање на изработените ДНК профили од роднини на настраданите во автобуската несреќа која пред три дена се случи во Бугарија кога, според бугарското обвинителство, загинаа најмалку 44 лица.

ДНК профилите ќе се искористат за споредба со ДНК-профилите на жртвите, што ќе ја забрза постапката на идентификување. Заменик главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов вчера во Софија изјави дека човечка грешка е водечка и главна причина за трагедијата на автопатот „Струма.