Бундес лига: Фудбалер на Ајнтрахт предизвика хаос

Слична работа веројатно никогаш не е видена на терените на Бундес лигата. Актери беа фудбалерот на Ајнтрахт, Давид Абрахам и тренерот на Фрајбург, Кристијан Штрајх.

Се играше петтата минута од надополнувањето на времето на натпреварот во Фрајбург, домаќинот имаше минимална предност, а топката излезе во аут, во правец кон Штрајх, којшто се тргна и ја пушти да оди надвор од теренот.

Капитенот на Ајнтрахт отиде да ја земе топката и да ја врати во игра, но при минување, испровоциран од таа постапка, со рамото го оттурна стратегот на противникот и го турна на земја.

Во истиот момент целата клупа на домаќинот скокна и тргна кон Абрахам, којшто, за среќа, од целата оваа ситуација мина само со црвен картон.

Фрајбург ја оствари шестата победа во сезоната (1:0) и го завзема четвртото место на табелата со 21 бод, а Ајнтрахт со 17 бодови е девети.