Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Буџетот на Град Скопје 6,2 милијарди денари, за 10 отсто помал од лани
Некатегоризирано

Буџетот на Град Скопје 6,2 милијарди денари, за 10 отсто помал од лани

декември 19, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Советот на Град Скопје на денешната трета седница го усвои Предлог-Буџетот за 2018 година, што е за десет проценти помал во однос на 2017 година и ќе изнесува вкупно 6,2 милијарди денари.

Градоначалникот Петре Шилегов, како што информираат од Град Скопје, на денешната седница рекол дека предложениот Буџет за 2018 година е еден сублимат од веќе започнатите проекти и нови поинакви проекти, што ќе значат здрава животна средина и подобри сервисни услуги за граѓаните, како и подобрување на инфраструктурата во градот.

„За наредната 2018 година, вкупниот буџет на Град Скопје е проценет на 6,2 милијарди денари и е за 10 проценти помал од оној во 2017 година. Сепак, акцентот го ставивме на подобрување на животната средина, развивање на транспортната мрежа, дел за патната инфраструктура, комуналната инфрастуктура, изградба на системи за водоснабдување, односно за инвестиции што ќе придонесат за подобар економски раст и развој на нашиот град, рече Шилегов.

Градоначалникот пред советниците најави неколку поголеми проекти во кои градот планира да инвестира во наредната 2018 година и да започне една нова успешна приказна за Скопје:

„Инвестиции во јавниот превоз преку набавка на електрични Екоавтобуси и реконструкција на автобуски стојалишта, дигитализација и електронски пристап кон услугите што ги дава администрацијата како почеток на проектот Скопје Смарт Сити, изградба на нови велосипедски, пешачки и трим-патеки, подигнување на јавно зеленило на магистрални улици и паркови, проекти за зелени кровни површини на станбени згради, се со цел процентот на зеленило драстично да се зголеми во Скопје. Парите наменети за секторот за животна средина во 2018 година се речиси трипати повеќе од оние предвидени со сегашниот буџет, набавка на прочистувачи на воздух – јонизатори во училниците во сите средни училишта на Град Скопје, системско решавање на проблемот со кучињата скитници, најави Шилегов.

Предлог Буџетот за 2018 година, како што информираат од Град Скопје, е изработен врз реални основи согласно законските одредби во Република Македонија и со него се опфатени сите проценети приходи и приливи и расходи и одливи за наредната година со кои се овозможува непречено извршување на надлежностите на Градот.

актуелно градоначалник македонија Петре Шилегов скопје смарт сити
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.