Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

ноември 16, 2026

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
  • Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
  • Парламентот на Гренланд изгласа промена на временската зона
  • Германија привремено се враќа на јаглен и нафта
  • „Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се!“: Зајкова бара охриѓанецот кој претепа девојка да одговара за обид за убиство
  • Кривична пријава поднесена против насилникот од Охрид, осомничен за напад на својата девојка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вангелов: Тешко да се дојде до заеднички учебник, излезот е во мултиперспективност
Во Фокусот

Вангелов: Тешко да се дојде до заеднички учебник, излезот е во мултиперспективност

декември 24, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Не е лоша идејата за заеднички учебник, но тешко би се дошло до него во овие контексти и констелации. Првиот меѓу Франција и Германија е објавен во 2005 по 30 години разговори. Јасно ни е дека разликите нема да може да се надминат лесно
меѓу перцепциите во различните земји, барем не за оваа генерација или некакви политички и комисиски одлуки да се пресликаат во учебниците. Тоа не може да функционира“, рече Огнен Вангелов, член во македонскиот тим во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.

Излезното решение, за што се залага и Комисијата, рече, е во мултиперспективност односно да се дадат варијантите на погледите на другите за конкретно прашање, не за  сите туку за контроверзните за кои нема согласност.

„Меѓутоа за такво решение нема приемчивост и не е реално да се очекува, а дека треба да има, треба секогаш, но да постои волја“, рече Вангелов во гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Комисијата со тимовите од двете земји досега имала 11 состаноци, а по шестиот состанок бугарските колеги, рече Вангелов, почнале да одбиваат во верзијата на нивниот записник да се користи придавката македонски и се повикуваат на Преспански договор со кој, според нив, се ограничува нејзината употреба за идентитетски прашања.

Барањата македонската страна да прифати бугарски корени на сопствениот идентитет и јазик, според Вангелов и според проф. Симона Груевска од Институтот за македонски јазик која учествуваше во емисијата, не е само дневна политика и поврзано со претстојните избори во Бугарија, туку се тврдења со долга традиција од стотина години кои се преповторуваат, а сега се објавуваат и во официјални документи, како што беше и објаснувачкиот меморандум до ЕУ.

Вангелов рече дека за него е неприфатлива дискусија во однос на тоа чии се исконските корени и смета дека проблемот се митологизира, а позициите, како што рече, се комплетно изместени и од научна и од социолошка гледна точка и се неодржливи.

„Не е само прашање на дневна политика, туку има долга традиција и затоа е тешко да се дискутира и на државно и на експертско ниво. Тие сметаат дека македонскиот идентитет се темели на антибугарски основи. Наративот за бугарскиот идентитет е многу подлабок проблем отколку што навидум изгледа преку дневната политика“, рече Вангелов, кој во Комисијата членува од октомври и досега учествувал на два состанока.

Проф. Груевска додаде дека ставовите во Бугарија не се менуваат без разлика на промена на системите, а тоа го покажува, рече, и декларацијата дека во ниеден случај нема да прифатат македонски јазик, која во декември лани во Собранието на Бугарија помина со консензус, а не само од партијата на Красимир Каракачанов.

Според новинарот Сашо Ордановски, Бугарија нема никогаш да ги промени позициите. Не очекува решение, рече, за спор што е наметнат од Бугарија и дека тоа ќе биде процес во кој ќе се дискутира, а дека има многу работи што треба да се подобрат, како што се наставните содржини, учебници, заеднички славења на настани.

Рече дека Бојко Борисов го нема капацитетот на Алексис Ципрас да  протурка процес дури и по цена да ги изгуби изборите, дека Бугарија  нема демократска традиција како Грција и дека со Грција проблемот беше повеќе геополитички, а со Бугарите, рече, отсекогаш е идентитетски и секогаш се проблематизира македонскиот идентитет.

Вангелов заеднички учебник мултиперспективност
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Силна атлантска бура „Чарлс“: Португалија ги затвори речиси сите училишта и јавни служби

ноември 12, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026

Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години

ноември 9, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.