Василичарски оган во Охридското Езеро

LinkSense.mk

„Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид доаѓањето на православната Стара нова година го најавија на необичен начин, со палење на василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро.

Василичарскиот оган пламна на дното на езерото кај Музејот на вода во Градиште. Нуркачите на тој начин им ја честитаа Стара нова година на православните верници во земјата и се вклучија во празнувањето на престојните Богојавленски празници – Водици и Свети Јован Крстител.