Ватикан: Папата Франциск заздравува по операцијата

Ватикан денеска соопшти дека папата Франциск добро заздравува по операцијата на дебелото црево, дека добро спиел, јадел, па дури и прошетал.

„Уредни се резултатите од рутинските прегледи, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Тој во изјавата додаде дека папата дури прочитал и неколку весници.

Папата Франциск (85) во неделата вечерта беше подложен на тричасовна операција на дебелото црево, во која под општа анестезија се реши проблемот со дивертикуларната стеноза, односно му беше отстранета левата половина од дебелото црево. Тој треба да мине една недела во болницата Гемели во Рим, доколку нема никакви компликации.

Папата Франциск е сместен во иста просторија, на 10-от кат од болницата Гемели во Рим, каде што по атентатот во 1981 година беше сместен и папата Јован Павле Втори и за операцијата на тумор на дебелото црево во 1992 година.