Велики Петок и вториот ден на Велигден се неработни денови

Велики Петок пред Велигден (30 април), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Неработен ден, пак, за сите граѓани на Република Северна Македонија е понеделник (3 мај), вториот ден на Велигден според православниот календар.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.