Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ветингот како вонредна мерка ќе создаде вонредни проблеми, искуствата од регионот укажуваат на потребата од внимателност
Македонија

Ветингот како вонредна мерка ќе создаде вонредни проблеми, искуствата од регионот укажуваат на потребата од внимателност

март 6, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ветингот како вонредна мерка ќе создаде вонредни проблеми, особено што кај нас беше најавен во предизборен контекст, нејасно дефиниран и затоа не може да се зборува за резултати од тој процес. Искуствата од регионот укажуваат на потребата од особена внимателност и сеопфатна дебата за процесот на ветинг, додека според експертите подобро решение за нашите околности е проверка на интегритетот и капацитетот преку постоечките институции.

Ова се пораките од дијалогот за политики „Ветинг – наметната или изводлива опција за Република Северна Македонија“, што се одржа денеска во Скопје во организација на Институтот за европска политика– Скопје (ЕПИ).

Малинка Ристевска Јордановска од Институтот за европска политика,
обидувајќи се да резимира по дијалогот рече дека најважно од целата
дебата е што ние се уште не знаеме за каков ветинг имаме залагање.

„Имаме залагања од политички партии и од одредени стручни лица, додека од друга страна имаме големи спротивставувања на ветингот, имајќи предвид дека во нашата држава веќе подолго време функционира една солидна законски и институционална рамка, која што треба да овозможи редовност во правилниот избор и одговорноста на судиите“, изјави Јордановска.

Според судијката Мирјана Лазарова Трајковска, целта на едно прочистување на судството треба да биде јакнење не само на судството и довербата во судството, туку и на институциите кои имаат надлежност да работата на прочистување на судството од судии кои се корумпирани или поврзани со криминални елити.

„Нашиот проблем е слабото функционирање на институциите генерално. За да дојде до видливост дека нешто не е во ред со судството, тоа само по себе повлекува дека институциите кои што го носат предметите во судството и самите не функционираат онака како што се очекува во една земја со демократски механизми. Треба да се исчистат институциите од непрофесионалци. Долго време институциите, не само во правосудниот систем, туку и во државната управа, администрацијата и полицијата се полнеа со партиски кадри и луѓе без потребно знаење и искуство. Сега е момент да им се помогне на тие институции да ја свртат страницата кон професионализмот, да останат оние што се кадарни да се носат со задачите кои им се доверени“, изјави Лазарова Трајковска.

Судијата Владимир Туфегчиќ, кој присуствуваше на дијалогот, повика на
почитување на независноста на судската власт, укажувајќи дека политички консензус за нешто во судство не може да се постигне
никогаш, зошто тие две работи не се споиви.

Смета дека ветингот е несоодветно решение, особено што произлегува од политичка дебата во која не се прави разлика помеѓу совесното работење и стручноста со корупција, посочувајќи дека и досега институциите можеле и требале да го следат работењетоа на судиите.

Од друга страна, професорката Слаѓана Тасева, укажаа дека е неопходно
да се види контекстот, каде сме и да се одговори зошто оваа тема повторно се отвора, особено што ние и во 2003 година имавме проверка на финансиска состојба на судии, но институциите очигледно не ги исполнија очекувањата.

На форумот учествуваа претставници од правосудниот систем, од Министерство за правда, Здружението на судии, од политички партии, претставници од граѓански организации кои работат во областа на правосудството како и од дипломатските мисии во Република Северна Македонија.

Дијалогот се спроведува во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“, кој го спроведуваат Институтот за европска политика и Асоцијацијата ЗЕНИТ, а е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија.

„ветинг“ актуелно
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.