Конститутивната седница на новиот состав на Собранието на Република Македонија ќе се одржи во петок, на 30 декември.
Седницата ја закажа и со неа ќе претседава претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељановски.
Деветиот македонски парламентарен состав ќе има 120 пратеници.
Најмногу мандати освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 51, СДСМ има 49 мандати, Беса 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА два.