(ВИДЕО) Автомобил влета во Божиќна парада во Америка, има загинати и повредени

LinkSense.mk

Најмалку пет лица загинаа, а 40 се повредени кога вчера автомобил влета во толпа народ на Божиќната парада во Ваукеш во сојузна држава Висконсин, во САД, објави американската полиција.

„Во овој момент можеме да потврдиме дека пет луѓе загинаа, а дека 40 се повредени. Сепак, тие бројки можат да се сменат“, објави полицијата на Твитер.

Шефот на полицијата во Ваукеш, Ден Томпсон, изјави дека лицето кое се наоѓало зад управувачоит на автомобилот е уапсено.

Здравствените служби информираа дека возилата на Итната медицинска помош во болница префрлиле 12 деца и 11 возрасни, а одреден број повредени биле однесени од страна на пријатели и роднини.

Инцидентот се случи во Ваукеш, мал град на 32 километри западно од Милвоки.

Засега не е познато дали инцидентот е поврзан со тероризам, но полицијата објави дека повеќе нема опасност.

Очевидци информираа дека возилото покосило група млади танчерки на возраст од 9 до 15 години.

На видео снимката објавена на социјалните мрежи сде гледа црвено теренско возило како влетува во парадата. На друга снимка, пак, се гледа дека полицијата отворила оган на истото возило додека тоа минувало низ уличните бариери. Томпсон потврди дека полицијата стрелала во возилото, но додаде дека никој од учесниците на парадата не е повреден. Тој нагласи дека не било пукано од возилото.

Инцидентот се случи пред 17 часот по локално време (23 часот по ГМТ).

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)