(ВИДЕО) Ахмети: Не планираме да ги прекршиме ветувањата

„Ние ги дадовме нашите потписи за парламентарно мнозинство и не планираме да ги прекршиме нашите ветувања. Ние сме дел од мнозинството и нема да го прекршиме договорот“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со Јоханес Хан.

Ахмети смета дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе ги надоместат разликите и во интерес на државата ќе најдат решение за да продолжат институциите да функционираат. Тој рече дека тие не биле бунтовници да завземаат институции и посочи дека треба да се внимава политичката криза да не стане етничка.

Ахмети побара од СДСМ и ДПМНЕ да ги доближат разликите и да понудат решение.

„Се надевам дека ќе се најде начин на мирен начин да се најде прифатливо решение“, оцени Ахмети.

Видео: А1.он