(ВИДЕО) Бил бескуќник 25 години, сега е како холивудска ѕвезда

Полни 25 години Хосе Антонио живеел на отворено, на улиците на Мајорка. Наизглед неугледниот бескуќник, денес е интернет сензација, и тоа благодарение на колалниот фризер кој го трансформираше во вистински холивудски заводник

 

Хосе Антонио, педесет и петгодишен поранешен електричар, е добро познат во Палма де Мајорка. Повеќе од две децении живее на улиците каде што заврши откако заболел од депресија.

„Едноставно ја загубив контролата врз животот поради депресија. Останав без кров над глава, немам апсолутно ништо“, вели Антонио.

Поради животот на отворено, со години ниту се бричел, ни се потстрижувал, се додека сопственикот на локалниот фризерски салон „Ла Салвајериа“ не одлучил на свој трошок да го пострижи и среди. Необичниот подарок бил воедно и начин сопственикот на салонот да ја прослави третата година од работењето, а трансформацијата, чекор по чекор, ја забележа со камера и видеото го објави на Фејсбук. За неполни два дена, видеото го прегледале повеќе од половина милион луѓе, а реакциите се едногласно позитивни.

Антонио денес толку добро изгледа што е речиси непрепознатлив. И нему самиот промената му била толку голема и емотивна што заплакал кога се видел во огледалото.

nov covek

Но, тука не е крајот на неговата среќа. Човекот што до пред неколку денови живееше на улица и заработуваше така што им помагаше на луѓето на нерегистриран паркинг да пронајдат слободно место за паркирање, од што можел да купи само за јадење, сега има и свој стан.

На помош му притекнала една локална фирма, која му понудила финансиска помош, што му овозможило, после повеќе од две децении, повторно да има кров над глава.

„Ова не беше само промена на изгледот, ова го промени мојот живот. Се што сега сакам е да најдам нова работа“, вели „новиот“ Антонио.