Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » (Видео) Заев – Могерини: Поздравен напредокот, до јуни да бидат комплетирани реформите
Македонија

(Видео) Заев – Могерини: Поздравен напредокот, до јуни да бидат комплетирани реформите

март 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Поздравен е силниот напредок на Република Северна Македонија во исполнувањето на реформската агенда, а добиено е и охрабрување пред јуни оваа година државата да ги спроведе преостанатите мерки за комплетирање на реформите предвидени со заклучоците на Европскиот совет од јуни 2018 година.

Ова е констатирано на денешната средба во Брисел на премиерот Зоран Заев со потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев ја изразил својата лична благодарност за одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијација во олку значаен период за Република Северна Македонија. Биле повторени честитките за постигнувањата со Договорот од Преспа, неговата целосна имплементација и придобивките коишто, како што се посочува, се веќе видливи за сите, а станало збор и за претстојните претседателски избори.

„Учесниците на денешната средба во Брисел се согласија дека успешното спроведување фер, демократски и слободни претседателски избори е клучно и приоритетно за Владата на Република Северна Македонија. На средбата, исто така, беше истакнато дека сите очекуваат конструктивен пристап и учество на опозицијата во изборите, како и во реформските процеси, се наведува во соопштението.

На средбата на владината делегација предводена од премиерот Заев со високата претставничка на Европската Унија беше заклучено дека Република Северна Македонија има големи причини да се надева на позитивни сигнали од сите европски институции во наредниот период, стои во соопштението.

Премиерот Заев во Брисел ја предводи македонската делегација на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, со кој ќе претседава токму тој, при што ќе ги презентира достигнувањата на земјава во процесот на реформите што се спроведуваат на патот кон отпочнување преговори со ЕУ. Петнаесеттиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, со кој ќе копретседава високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Могерини, се смета за прв прелиминарен тест на динамиката на реформската агенда, која е концетрирана во трите столба – безбедносно-разузнавачкиот систем, јавната администрација и правосудството.

актуелно Заев јуни комплетирани Могерини напредок поздравен реформи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.