(ВИДЕО) Заев: Пораките од ЕУ се јасни како ден

„Пораките на комесарот Хан и тројцата европратеници се јасни како ден. Процесите мора да бидат забрзани. Секој ден изгубен за Македонија е изгубен и за македонските граѓани и за европските перспективи на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.

Заев рече дека трошење на повеќе денови е ризик за Македонија и се надева дека ќе има сенс од другите политичари бидејќи партиите постојат единствено за државата.

Тој очекува Собранието да се состане до крајот на оваа недела и мисли дека откако новиот претседател на Собранието ќе испрати писмо до Иванов, тој конечно ќе го даде мандатот.

Според лидерот на СДСМ, инаетот на некои политичари ја носи Македонија кон лоша иднина.

На прашање дали доколку екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски не закаже конститутивна седница ќе го активираат најстариот пратеник, Заев одговори дека деловничките можности се отворени, но тие сакаат да се решава кризата по пат на дијалог.