Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични

октомври 28, 2026

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » (ВИДЕО) Мицковски: Падот на платата е заради неспособноста на владата
Некатегоризирано

(ВИДЕО) Мицковски: Падот на платата е заради неспособноста на владата

април 25, 2018Updated:април 26, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во неговото видео-обраќање рече дека владата предводена од Зоран Заев продолжува да лаже.

„После еуфоричното најавување на зголемувањето на просечната исплатена нето плата во првиот месец од 2018-тата година, демантот стигна веќе во следниот месец а тоа е вториот месец од 2018-тата година, каде што просечно исплатената нето плата доживува екстремен пад.

Екстремен пад кој се должи на неспособноста на владата и неуспехот на владините економски политики.

Нема поголем доказ за економското цунами на владата од падот на просечната нето исплатената плата.

И официјално просечната плата од 500 евра е лажно и недостижно ветување на премиерот Заев и владата.

“Розевата слика за која говори премиерот Заев и економските министри не постои, таа е лажна. Доказ за тоа е дијаграмскиот приказ на нето исплатена просечна плата во Република Македонија во првиот и вториот месец.

Оваа компаративна анализа кажува дека просечно нето исплатената плата во вториот месец е за 867 денари помала од таа што била исплатена во првиот месец, или е намалена за цели 3,6 проценти.

Вртоглав пад се забележува и во неколку други клучни сектори а тоа можеме да го забележиме веќе на следниот слајд каде што се компарирани два клучни сектори и тоа секторот рударство и секторот уметност, забава и рекреација.

Во секторот рударство просечната нето исплатена плата  во вториот споредена со првиот месец е помала за 9,9 проценти, а во секторот уметност, забава и рекреација просечната нето исплатена плата во вториот споредена со првиот месец е за цели 26,4 проценти помала.

Анализиравме и други три клучни сектори кои што можете да ги видите на следниот слајд, каде што сее дадени секторите земјоделие, транспорт и снабдување со електрична енергија.

„Просечната нето исплатена просечна плата во вториот месец во секторот земјоделие е за цели 6,11 проценти помала споредено со таа во првиот месец. Истото се случува и во  секторот снабдување со електрична енергија, имаме намалување на просечно исплатената нето плата за цели 6,3 проценти споредено втори со први месец 2018-тата година. Истото се случува и во секторот транспорт каде што имаме помала исплатена нето плата во вториот споредена со првиот месец во 2018-тата година за цели 11,7 проценти.

Ова директно ќе влијае на падот на стандардот на вас. Тоа значи дека се намалува вашата куповна моќ и дека вие осиромашувате.

Животот станува се потежок, а владата нема план. Ова мора да престане.

И покрај катастрофалната ситуација на економијата и покрај катастрофална цунами економска политика, граѓаните на Република Македонија е треба да губат надеж.

Доаѓа ново утро, доаѓа нов дух, нова енергија, доаѓа нова надеж за Република Македонија, рече Мицковски.

актуелно вмро-дпмне Зоран Заев мицковски сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични

октомври 28, 2026

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.