Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » (ВИДЕО) Поддршка од европските социјалисти за старт на преговорите со ЕУ
Некатегоризирано

(ВИДЕО) Поддршка од европските социјалисти за старт на преговорите со ЕУ

септември 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Социјалистите во Европскиот парламент даваат силна поддршка за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, истакна претседателот на Партијата на европските социјалисти и поранешен премиер на Бугарија, Сергеј
Станишев по денешната средба со вицепремиерката и заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

– Се радувам што гледам позитивни промени во земјата. Историскиот Договор од Преспа и Договорот за доброседство со Бугарија се многу важни чекори напред кон ЕУ. Од името на социјалистите, и денеска и вчера на средбата со премиерот Заев ја пренесов категоричната поддршка за носење одлука за почеток на преговорите во октомври. Државата и народот го заслужуваат тоа, рече Станишев.

Граѓаните заслужуваат подобар живот и затоа го охрабрувам премиерот Заев да продолжи со позитивните внатешни реформи, за социјално подобрување, за повисоки плати, за владеење на правото, за ред и закон и никој да не биде над законот. Такви чекори се преземаат и тоа заслужува почит, вели Станишев.

Земјава, според него, е многу добар пример и за другите во регионот за тоа како треба да се решаваат проблемите.

Во однос на Договорот со Бугарија, Станишев кажа дека разговорите почнале уште во времето кога тој беше премиер со тогашниот макеоднски премиер Никола Груевски. Но, Груевски секогаш бараше причина да нема напредок и да не се постигне договор. Заев, пак, за неколку месеци направи решителни чекори напред и солидна основа за пријателство и соработка. Знам дека е потребно време, конструктивност, разбирање и дијалог. Потребно е време и за комисијата за историски прашања преку дијалог да се дојде до резултати, смета Сергеј Станишев.

Заменик претсдеателката на СДСМ и вицепремиер Шекеринска изјави дека и во изминатиот период Партијата на европски социјалисти даваше голема поддршка за промените кои и беа неопходни на земјата.

– Констатиравме дека нашата држава во последниве две години направи џиновски чекори напред во поглед на исполнување на генерациската цел – членство во ЕУ и НАТО. Договорите што ги постигнавме со Бугарија, а потоа и со Грција, какои и крупните промени на домашен план во делот на слобода на медиумите, човекови права, транспарентност на Владата, беа чекори кои нашата држава ја покажаа во сосема ново и многу подобри светло. Како резултат на овие крупни промени успеавме да бидеме на чекор до членството во НАТО и се надеваме многу брзо и
држава која ќе ги почне преговорите за членство со ЕУ. Го чекаме октомври со голема доза на амбициозност и оптимизам и ни беше задоволство и денеска што чувме дека и социјалистите и демократите во Европскиот парламент силно ќе ја поддржат одлуката ЕУ да започне преговори со РСМ, рече Шекеринска.

Прашана за законот за ЈО, за односот на опозицијата, и за ставот на Брисел во контекст на носење на одлуката за старт на преговорите, Шекеринска кажа дека ЕУ подолго време ни испраќа стандардна препорака – немојте да се фокусирате на закони, фокусирајте се на она што се вистински промени, дека клучната работа е да се обезбеди целосна истрага и целосно транспарентна и позитивно оценета судска постапка.

– Она што е добро и мислам дека тоа ќе биде силен аргумент во полза на нашиот почеток на преговори е тоа дека со новите решенија практично ги обезбедивме сите случаи од СЈО да имаат судска разрешница, никој да не може да користи административни или некакви судски процедурални причини за да ги негира и сега сите работи се во рацете на судството. Ние како Влада кажавме дека сакаме да се донесе новиот закон за ЈО, измените кои беа предложени покажавме извонредна флексибилност.

Затоа што сметам ова прашање е над сите партиски или лични интереси.

Така ќе продолжиме и понатаму да дебатираме. Премиерот и во своите изјави покажа со какви се предлози сака да ја остави практично опозицијата без простор да бара оправдување и да бега од одговор.

Меѓутоа за жал договор нема. Сметаме дека политичката одлука на Владата да не се меша во судството, одлуката на владата и сите  коалициони партнери да не бараат специјални привилегии од  обвинители или од судии, таа порака е примена, не само во Брисел, туку и во главните градови на клучните земји, изјави Шекеринска.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/654883998368647/

 

ИЗВОР: МИА

актуелно ЕУ поддршка преговори станишев старт
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.