Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

октомври 28, 2026

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов

октомври 28, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
  • Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протестив
  • Резултатите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот изедначенипо изборите во Израел
  • Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВИДЕО: Премиерот Заев и економскиот тим на Владата ветија дека ќе бидат сервис за граѓаните и бизнисот
Македонија

ВИДЕО: Премиерот Заев и економскиот тим на Владата ветија дека ќе бидат сервис за граѓаните и бизнисот

јули 6, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација на економските ресори Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, денеска се сретна со над 200 претприемачи, бизнисмени и стопанственици од бизнис секторот на работна средба во организација на Стопанските Комори на Република Македонија.

Премиерот Заев ги слушна барањата и предлозите на стопанствениците и ја изрази цврстата определеност на Владата да ја интензивира соработката со бизнис заедницата како и одлучноста низ взаемна консултација да се носат одлуките во креирањето и спроведувањето на економските политики.

,,Владата ќе биде успешна ако соработува со бизнис заедницата. Бизнис заедницата има свој претставник во Владата преку заменикот претседател задолжен за економски прашања и наша цврста определба е да обезбедиме инклузивен процес и бизнис заедницата преку свој репрезент да учествува во секојдневното работење на Владата, одлучувањето и транспаретноста.

Постои огромна мотивација и добра соработка помеѓу економските ресори во Владата, желбата да бидеме сервис за бизнисот и граѓаните е голема и очекуваме резултати од ваквата успешна соработка“ истакна премиерот Заев.

Премиерот Заев, пред претставниците на бизнис секторот, ги презентираше економските политики на Владата со кои силно ќе се поддржат домашните фирми и ќе се обезбедат услови за нивен раст и развој. Владата исто така, посветено ќе работи на поврзување на домашните фирми со странските инвеститори и за таа цел ќе овозможи поддршка за странските и домашните инвеститори кои во процесот на производство ќе употребуваат домашни производи.

Како што најави премиерот Заев со новиот ребаланс на буџетот ќе се кратат непродуктивните трошоци и  тие пари ќе се алоцираат за поддршка на стопанството.

Свое обраќање пред стопанствениците имаше и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори Кочо Анѓушев, кој потенцираше дека Владата ќе биде партнер на стопанството и дека со државна помош и поддршка ќе се поттикнуваат домашните фирми да бидат извозно ориентирани.

Претставниците на бизнис секторот ги пренесоа своите видувања и дадоа конструктивни предлози и идеи во функција на подобрување на условите за водење бизнис и за зголемување на соработката помеѓу државата и бизнис секторот. Заклучено беше дека ваквата суштинска соработка помеѓу Владата и бизнис секторот ќе продолжи и во иднина.

актуелно Влада на РМ Зоран Заев
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

октомври 28, 2026

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов

октомври 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.